Центар за социјални комуникации

Социјални комуникации

Начинот на којшто комуницираме е динамичен – секојдневно се менува и приспособува на општествените состојби. Меѓутоа и се заборава, за утре да се врати во центарот на општествениот разговор. Она со што тинејџерите си играат за забава во своите детски соби, стануваат носечки столбови на политички и маркетинг кампањи само денови или недели подоцна.
Оваа комуникациска игранка веќе барем две децении, се одвива главно во дигиталната сфера, но не е исклучиво резервирана за таму.
Несомнено, таа ситуација е возбудлива бидејќи можностите, кои ги носат овие бранови на новости и иновации, никако не стивнуваат.
Ние сме среќни да бидеме не само дел, и не само чекор пред – туку инстигатори на овие поместувања.
Се движиме со стратегија и етички, со увото секогаш на земја, кон она што доаѓа…

Што се социјални комуникации?

Социјалните комуникации не треба да се поистоветуваат исклучиво со социјални медиуми. Од непрофитни комуникациски стратегии до корпоративна општествена одговорност, социјалните комуникации се новата граница, која има за цел да ги користи комуникациските процеси, техники и медиуми за да го поддржи развојот, како на единката, така и на заедницата.

Кои се целите на Петкамен?

  • Поттикнување и придонес за одржлив развој на заедницата.
  • Подигање на свест и градење вештини за практикување општествена одговорност.

  • Развивање вештини и алатки за подигање на јавната свест за општествено релевантни прашања
  • Посредување со поединци и/или организации да се користат со принципите и практиките на социјалните комуникации.
  • Развивање модели на социјално претприемништво, како добри примери и практики за самоодржливост на организацијата.

Петкамен – Центар за развој на социјални комуникации
Адреса: Иван Цанкар 81 Б, 1000 Скопје
Тел:+389 77 89 88 27
E-mail: office@socijalnikomunikacii.mk