Центар за социјални комуникации

Што прави Петкамен?

Промоција и унапредување на социјалните комуникации во сите достапни форми, како додадена вредност на јавното комуницирање, преку креирање и спроведување на социјално – комуникациски решенија за широк спектар на граѓански организации, фондации, корпорации и институции. Овие решенија се кориснички интегрирани!

Обуки, консултирање, асистирање: специјално дизјанирани за специфични предизвици и потреби на поединците, организациите и заедниците во коишто дејствуваат.

Кој е тимот на Петкамен?

Практичари, чиј темелен и водечки принцип е етиката, кои имаат стратешки пристап во користење на секогаш новите алатки, преку практики кои се посветени на зголемување и на унапредување на општественото влијание. Тим којшто е желен преку своите вештини да придонесуваат за оддржлив развој на заедницата.
Спојот на професионалци од маркетинг и адвертајзинг агенции и активисти кои имаат повеќедецениско искуство во граѓанискиот сектор, дава уникатна и моќна динамика, која темелно и ефективно им пристапува на доверените задачи.

Петкамен – Центар за развој на социјални комуникации
Адреса: Иван Цанкар 81 Б, 1000 Скопје
Тел:+389 77 89 88 27
E-mail: office@socijalnikomunikacii.mk